< back
3D печатач Ultimaker S3
Цена: 255.681 ден. (*цената е без пресметан 18% ДДВ)

Ultimaker S3 – Сериско производство со исклучително компактна работна површина.

Ultimaker S3 е ултра-компактен комплетен систем за 3D печатено производство пригодно за канцеларија, ателје или работно студио. Систем на кој можете да сметате во секое време.

Новиот Ultimaker S3 3D печатач овозможува висококвалитетно печатење на готови делови и производи лесно и ефикасно – директно на вашата работна маса. Печатачот работи со најновата технологија на Ultimaker, многу е едноставен за употреба, но во исто време и исклучително моќен. Пригоден е за start up компании и нови иновативни бизниси кои се отворени за нови можности и сакаат да ја вклучат најсовремената 3D технологијата на печатење во работниот тек. Да воспостават нови или да ја вклучат оваа технологија во веќе готови и проверени процеси.

QTY
Description

Лесно и ефикасно “in-house” производство со највисок квалитет.

Главни карактеристики:

  • Напредни одлики што обезбедуваат квалитетно печатење и одлични перформанси
  • Компактни димензии : (XYZ) 394 x 489 x 637 mm, но со голем волумен за изработка: 230 x 190 x 200 mm
  • Исклучително лесен за употреба, благодарение на наградуваното интуитивно корисничко мени (intuitive interface), како и на непречената интеграција на софтверот.
  • Двојно истиснување
  • Резолуција до 20 микрони за висока прецизност при изработка на детали
  • Систем компатибилен со други материјали, вклучително и влакна засилени со стакло и јаглерод
  • Двојни сензори го детектираат протокот на филаментот и ве известуваат доколку е исцрпен дотокот на филамент
  • 4,7-инчен екран на допир – добитник на наградата„ iF Design 2019“

Ultimaker S3 е одлика на една нова генерација на сигурност. Со подобрено активно израмнување, поцврста градежна платформа, подобрена грејна плоча и попрецизни двигатели на степ моторот, Ultimaker S3 гарантира највисок квалитет на печатење за оваа класа десктоп печатари.

Ultimaker S3 е дизајниран така што секој може да постигне високо квалитетни резултати само по 30 минутна обука. Доаѓа со корисничко мени кое е исклучително лесно за употреба, како и претходно предефинирани и веќе поставени поставки. Брзата замена на јадрата за печатење и удобноста што ја нуди да може да се користи каде сакате – како дел од секој работен тек, Ultimaker S3 е најприфатливиот и нај исплатливиот модел, гарантирајќи одлични резултати и брз поврат на инвестицијата.

Гарантен периoд: 12 месеци.

Дознајте повеќе на: https://ultimaker.com/3d-printers/ultimaker-s3