bg

3D World ON DEMAND

Создади твој производ. Изгради го твојот бизнис. Комплетна платформа за услуги преку обука, дизајн, консултантски услуги, производство и промоции.

hero-img
hero-circle
hero-circle
КОИ СМЕ НИЕ

За Хабот

circle image

НЕВЕРОЈАТНИ 3Д СПЕЦИЈАЛИСТИ - Неизбежно беше да тргнеме на ова патување со цел да му понудиме на македонскиот пазар сè што е поврзано со 3Д технологиите - печатачи, потрошен материјал и 3Д услуги. Компанијата нуди големо портфолио на 3Д печатачи со висок квалитет, како и материјали, обуки, консалтинг и други услуги.

Специјализирани сме за FDM, SLS и SLA технологии, а ги употребуваме според потребите на клиентот. Ги советуваме клиентите за секој еден детал и им помагаме при избор на соодветната технологија и вистинскиот материјал.

Не се ограничуваме само на една технологија или материјал. Имаме огромен избор на бои на располагање.

3Д ХАБ ОПРЕМА

about-img
ШТО НУДИМЕ НИЕ

Услуги

SПАМЕТНИ РЕШЕНИЈА ОД ПОЧЕТОК ДО КРАЈ

Сите наши услуги може да се користат заедно или посебно со цел да добиете производ со навистина најповолно решение. Уникатниот пристап на 3Д Хабот ја поддржува Вашата цел, без разлика колку и да се сложени Вашите потреби.

circle image
circle image
3Д печатење и прототипи
3Д скенирање и репродукција на дизајн
3Д производи и индустриски дизајн
Mechanical Design
CAD моделирање
Ласерско гравирање и сечење
CNC Routing + 3D Carving
See Services
section-bg

CAD и органски 3Д дизајн за побрз циклус на развој на производот

Имаме најразлични процеси кои може да се применат кај Вашиот проект/производ.

1

Идеја

Сè започнува со една идеја. Визијата и неколку цртежи се доволни за да се објасни концептот и да се употребат придобивките кои ги нуди 3Д печатењето. До појавувањето на оваа технологија беше практично невозможно идејата да се реализира за толку кратко време.

2

Дизајн на 3Д моделот

Креирање на 3Д компјутерски модел кој верно ја претставува и целосно ја дефинира идејата. Ова е првата фаза на визуелизација која претрпува многукратни промени пред да ја добиеме финалната верзија. Се препорачува да се направат повеќе решенија, затоа можете да го изберете најдоброто преку тестирање на прототипите.

3

Прототип

Дизајнот на прототипот и верификација во реално време. Речиси како правило, со грешките и подобрените решенија кои ќе ги пронајдеме и кои ги вклучуваме во почетниот 3Д модел, се докажа дека можеме да ги избегнеме трошоците кои можеби би ги имале подоцна.

4

Производство

Кога ќе се усоврши прототипот, правењето на калапи и масовното производство веќе не се под никаков ризик. За помали серии и персонализирани производи, 3Д печатењето може да биде подобро и поекономично решение.

section-bg
каде се користат нашите производи

Гранки на употреба

circle image
НАУЧИ

3Д Курсеви

circle image

Курс од 6 недели каде посетителите ќе можат да ги искусат очекувањата, техниките и знаењето кое е потребно за 3Д моделирање на малку поразличен начин, преку практична работа на 3Д печатачи.

See Courses
course-img
Begins: 31/03/2021

Autodesk Inventor - Advanced

На овој курс за Autodesk Inventor, нашите експерти за Autodesk Inventor ќе Ве научат како да креирате сложен изглед на цртеж преку употребување на напредните алатки за цртање од Autodesk Inventor. Доколку сакате да си ги дополните знаењата на темата напредно цртање со Autodesk Inventor, тогаш се наоѓате на вистинското место. Откако ќе го завршите овој компјутерски курс за обука, ќе можете целосно да ги употребувате овие алатки и техники со цел да креирате Ваш сопствен сложен изглед на цртеж преку употребата на софтверот за 3D моделирање. Вклучени се работните фајлови, кои Ви дозволуваат да го следите авторот будно во текот на лекциите. На овој курс за Autodesk Inventor, брзо ќе се стекнете со соодветните вештини и ќе можете да ги применувате во вистинскиот живот.

64000 мкд

course-img
Begins: 01/03/2021

Autodesk Inventor - Basic

На овој курс за Autodesk Inventor, ќе ги научите основитете алатки и техники кои се потребни за да креирате Ваши сопствени 3D дигитални прототипи и проекти за моделирање. Овој курс е дизајниран за апсолутните почетници, што значи дека не е потребно никакво претходно искуство со Inventor. Ќе започнете со разгледување на корисничкиот интерфејс на Inventor, за потоа да преминете на учењето на основното скицирање. Ние ќе Ве научиме како да ги скицирате основните карактеристики, како што е креирањето екструзија, второстепени карактеристики и работни карактеристики. Овој курс ќе Ве научи како да скицирате напредни карактеристики, да употребувате параметри и равенки, како и да работите со алатки за удвојување. Потоа ќе преминете во делот за монтирање, каде ќе научите како да направите склоп од деловите кои сте ги креирале, како да работите со склопот, па да креирате изглед за презентирање на склопот. На крајот, ќе ги поминете и методите за креирање на основен изглед и димензионирање. Штом ќе го завршите овој компјутерски курс за обука, ќе се стекнете со сеопфатно разбирање за тоа како да ги употребувате алатките на Inventor за да креирате сопствени проекти за моделирање. Вклучени се работните фајлови, кои Ви дозволуваат да го следите авторот будно во текот на лекциите.

48000 мкд

section-bg
section-bg
MiniMe

MiniMe

Овозможуваме услуги како што се 3Д скенирање на човек и изведба на селфи. Користиме совршена комбинација на најновите техники за 3Д скенирање заедно со револуционерната технологија наречена 3Д печатење. Мини ти им ја дозволува на луѓето можноста да ги зачуваат сеќавањата, моментите и лицата кои им се драги на начин кој не постоел досега, сочувувајќи ги како доста детална 3Д скулптура која ќе си ја чуваат со години.

See MiniMe
circle image
circle image
mini-img
section-bg
ВИДИ ШТО НАПРАВИВМЕ

Нашата работа

circle image

Погледнете ги нашите проектни модели кои беа направени и произведени во нашиот Хаб.

See Our Work
grid-img grid-img
grid-img grid-img
Drop us a call

Contact us

circle image

Phone:

+38925102454

Email:

hi[at]3dhub.mk

Address:

Klenoec 69

Socials:

2 + 3 =