Градник точно по ваша мерка? Обувки со штикла или рамни, со уникатен дезен или шари?

Градници за големи гради, мали гради, средни гради, со или без потпора, со или без украси… Чевли со потпетици и без нив. Две одлични нови работипроизлегоа од соработката на модата и 3Д-печатењето кое ќе им го олесни секојдневието на дамите.

Лидеви ван Твилерт е индустриски дизајнер и инженер од Технолошкиот универзитет Делфи во Холандија. На лесен, уникатен и удобен начин, таа го сведе на лично ниво еден од неопходните делови на гардеробата на секоја дама – градникот. Лидеви користи технологија на 3Д печатење за да печати специјални предмети што се вклопуваат според закривеноста или обликот на градите. Ова дава не само уникатна привлечност, туку и практичност во движењето. Нејзиниот бренд Mesh Lingerie произведува градници врз основа на скенирање на телото.

Woman underwear printed with filament Hubbyment

Популарните метални структури за поддршка се заменети со прекрасни плетки од креативни патерни, отпечатени со 3Д технологија, кои обезбедуваат постојана поддршка на градите. „Жените ме инспирираат да создадам совршена долна облека со помош на уметноста и науката“. вели дизајнерот.

Mesh Lingerie – промо видео од Derk Stenvers на Vimeo.

Популарните метални структури за поддршка се заменети со прекрасни плетки од креативни патерни, отпечатени со 3Д технологија, кои обезбедуваат постојана поддршка на градите. „Жените ме инспирираат да создадам совршена долна облека со помош на уметноста и науката“. вели дизајнерот.

За нејзината работа на „Heel2“, таа се фокусираше на 3Д печатење на триаголни форми. Овие форми, комбинирани, ја обезбедуваат потребната стабилност и флексибилност. Секоја положба на чевелот е затворена со магнет. Лора Пап нуди неколку варијанти на нејзиниот изум и секоја од нив е активирана на поинаков начин. Во моделот „X“, на пример, страните се вртат спроти оската и компонентите на петицата се превиткуваат едни во други. Моделот „З“ е пример за трапезоидна форма, додека моделите „А“ и „М“ имаат триаголни крилја кои даваат стабилност на петицата.

3d printed shoe mold with Hubbyment PLA WHITE filament