
3Д ПРИНТ КАЛКУЛАТОР
Внеси → пресметај → нарачај
Најбрза пресметка за цената на твојот 3Д принт!
Неодамна прегледано
3Д принтери и материјали за 3Д печатење во Македонија
3Д Хаб е специјализирана продавница за 3Д технологии. Кај нас ќе најдете FDM и SLA 3Д принтери, филаменти, смоли, 3Д скенери, резервни делови и додатоци — сè што ви треба од првиот принт до сериска изработка.
Работиме со проверени брендови: Bambu Lab, Creality, Elegoo, Anycubic, Raise3D, Flashforge и Polymaker. За секој производ добивате гаранција, оригинални резервни делови и техничка поддршка на македонски.
Материјали за секоја намена
PLA за хоби и прототипи, PETG и ABS за функционални делови, ASA за надворешна употреба, нејлон и композити со карбонски влакна за индустриски примени. За смолните принтери имаме стандардни, издржливи и стоматолошки смоли.
Немате принтер? Ние ќе испечатиме за вас
Изберете готов модел од STL продавницата или испратете свој фајл. Цената пресметајте ја сами со 3Д принт калкулаторот, а изработката ја правиме во фабриката во Сарај.
Дојдете да ги видите машините
Во салонот на Балзакова 32 во Скопје можете да ги видите 3Д принтерите во работа пред да купите. Ако не сте сигурни кој модел одговара на вашата намена, закажете термин за презентација — ќе ви ги објасниме разликите и ќе препорачаме според тоа што сакате да печатите.

